ЦИК не ја признава уредбата на Мета и соопшти дека на 30 јуни ќе има избори


Уредбата на претседателот Илир Мета за одлагање на локалните избори закажани за 30 јуни го доби првиот институционален удар од владејачкото мнозинство.

Како што беше најавено од политичарите од левицата, албанската Централна изборна комисија(ЦИК) не ја признава уредбата на шефот на државата и препорачува локалните избори да се одржат како што Мета одлучил во ноември минатата година, а тоа е 30 јуни.

Четворица членови од ЦИК гласаа за отфрлање на указот, освен претседателот на комисијата Клемент Згури, кој откако колегите не го послушаа дека тие не се надлежни да одлучуваат го напушти состанокот.

– Ниту јас ниту вие не сте Уставен суд за да ја оценуваме уредбата на претседателот, рече тој пред да замине.

Поради недоразбирањата, по неколку паузи, седницата продолжи и со неа раководеше потпретседателот Денар Биба кој соопшти дека „уредбата на Мета е неважечка“.

Комисијата донесе и неколку други одлуки, како што е и онаа за распределба на средствата за политичките партии кои се пријавиле за учествуваат на изборите.