Цигарите би можеле да „исчезнат“ до 2050 година во многу делови низ светот
Тутунската индустрија претрпе некои од најголемите промени во својата историја: бројот на деца кои моментно пушат се намали за речиси три четвртини во изминатите 20 години, употребата на цигари кај мажите, исто така, првпат забележа пад.
Филип Морис Интернешнал, производителот на цигарите „Марлборо“ и „Честерфилд“, исто така, најави дека цигарите би можеле да застарат во рок од 10 години.
Компанијата ја презеде лидерската улога во обезбедување алтернативи на пушењето со својот IQOS уред со загреан тутутн, а моментно речиси една четвртина од своите приходи ги остварува од незапаливи производи, што предизвика трка со конкурентите, како на пример со Бритиш Американ Тобако.
Според извештајот, Алтриа Груп заостанува најмногу, бидејќи таа американска корпорација 82 отсто од својот бизнис го заснова на цигарите, истакна Спеилман.
Сепак, производите од новата генерација го забавија падот на употребата на никотин на многу пазари, а на некои можеби е вратена назад, напиша аналитичарот.
Во земјите како Кина, Франција и Русија, пушењето цигари најверојатно ќе биде вообичаено и во 2050 година.