Циципас: Пет минути пред финалето, мојата сакана баба ја загуби битката за живот


Франција – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој вчеравечер загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, изјави дека ја загубил баба си пред самиот почеток на мечот.

– Најважната работа во животот не е победа или пораз. Поентата е да уживате во секоја секунда – без разлика дали сте сами или со други. Живејте смислен живот без страдање и понижување. Подигањето трофеи и славењето победи е нешто, но има и повеќе од тоа.

Пет минути пред да влезам на теренот, мојата сакана баба ја загуби битката за живот. Мудра жена чија вера во животот и подготвеност за споделување е неспоредлива со која било друга личност што сум ја сретнал. Важно е да има повеќе луѓе како неа во светот. Таквите луѓе ве прават да оживеете, ве тераат да сонувате. И сакам да кажам дека без оглед на исходот, околностите и ситуацијата, ова е целосно посветено на неа – и само на неа. И благодарам што го израсна татко ми. Сето ова ќе беше невозможно без неа, истакна Циципас.

Дваесет и двегодишниот Грк во финалето водеше со 2:0, но на крајот го загуби мечот со 3:2 и остана без трофејот од Грен лемот во Париз.