Циципас ќе се соочи со Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Париз


 

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој синоќа го победи Американецот Томи Пол – 6:2, 6:4.

Следен ривал на Гркот ќе биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).

АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.