Циципас го освои турнирот во Дубаи


 Најдобриот грчки тенисер на сите времиња, 26-годишниот Стефанос Циципас (АТП – 11.) го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи.

Циципас во денешното финале го совлада канадскиот тенисер Оже Феликс – Алијасим (АТП – 21.) со 6-3, 6-3.

За Циципас ова беше прв трофеј во Дубаи во неговото трето финале на овој турнир.

Воедно, за грчкиот тенисер ова е прв освоен трофеј во 2025 година.

Финалето во Дубаи беше нивниот десетти меѓусебен натпревар, во кој Циципас победи по седми пат.

Ова е трет пат овие двајца тенисери да играат за трофејот, а по вторпат победата му припадна на Гркот, кој беше подобар од Канаѓанецот во финалето на АТП турнирот во Марсеј 2020 година.