Чупиќ од Вардар избран за најдобар играч на колото во ЛШ


Десното крило на Вардар, Хрватот Иван Чупиќ, е најкорисен поединец во 2. коло на ракометната Лига на шампиони.

Европската ракометна федерација, ЕХФ, претходно го смести Чупиќ и во идеалниот тим на колото, во кое Вардар во „Јане Сандански“ го победи Порто, а Чупиќ постигна седум гола. Изборот на МВП на колото го прават навивачите со своите гласови.

Чупиќ своите седум гола против португалскиот тим ги даде од осум шута кон противничкиот гол, имаше одличен процент на реализација, и заслужено му припадна признанието.