Чулев најавува истраги против актуелни функционери


Mинистерството за внатрешни работи во следниот период ќе објави случаи на организиран криминал и корупција во кои се инволвирани и сегашни функционери за кои Министерството веќе има отворено истраги, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.

Тој тврди дека се работи за неселективна борба против корупцијата која не била во прв план поради состојбата со пандемијата.

„Во наредниот период ќе излеземе и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно, бидејќи пред се бевме сконцентрирани на здравјето на граѓаните. Но сега бидејќи политичките субјекти ќе договорат некои парламентарни избори што ќе бидат во текот на летниот период, веќе ние како МВР ќе бидеме повеќе насочени кон борбата против организираниот криминал и корупција“,изјави Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21 што ќе се емитува вечерва.

Иако во моментов е во Владата како технички министер чија работа треба да биде да обезбеди регуларност на изборите, и  иако е таму само заради добрата политичка волја на СДСМ бидејќи избори нема, Чулев очигледно почнува да спроведува партиска агенда во МВР, за да влијае на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Странски дипломати веќе посочуваат дека техничката влада е глупо решение и дека доаѓа време да се укине, а со него и егзибистичката политика на техничките министри кои повеќе водат политика отколку што  работат  на задачата заради која се таму. По скандалот со Рашела Мизрахи која не сакаше да го почитува Преспанскиот договор и по блокадата на кредитот од Светска банка од техничкиот заменик министер на ВМРО-ДПМНЕ, ова е најнова епизода на серијалот политичка фарса од техничка влада.