Чулев го правда Мицкоски за теретаната


Фото: Б. Грданоски

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во ТВ21 објасни за случајот Мицкоски. Тој рече дека има истрата за случајот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во теретаната, и за евентуален притисок за истрагата кој го правел врз полициски службеници, а за што беше обвинет од СДСМ.

„Се вештачи камерата од теретаната. Ќе ги гледаме снимките една година наназад и истрагата ќе ја каже вистината. Во врска со притисокот, секој може да му се јави на припадник на МВР. Од белешката на мојот заменик помошник министер, никаде не пишување дека вршел притисок или влијание за истрагата да биде во една или друга насока. Туку, согласно белешката, замолил само истрагата да биде независна и објективна и да се заврши на најкус можен рок, со оглед на големиот притисок од јавноста“, рече Чулев во „10 Минути“ на ТВ21.