Човекот (73) што ги уби соседите во Канада, бил уверен дека се разболува од зградата


 

Човекот кој во неделата вечерта пукаше и уби петмина во станбена зграда во предградие на Торонто со години ги малтретирал соседите и се заканувал на управата на зградата затоа што бил уверен дека се разболува од неа.

Вчера, на конференција за новинарите, шефот на полицијата во регионот Јорк, Џејмс МекСви, го идентификуваше напаѓачот како Франческо Вели, пишува „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека 73-годишниот станар на зградата оукал и убил тројца мажи и две жени и ранил 66-годишен човек кој е во болница.

Ги малтретирал соседите

Вели, една година водел правна битка со компанијата која е сопственик на зградата и ги малтретирал соседите. Имал големи забелешки кон соседите од Советот на станари.

„Три жртви бели членови на Советот. Темелно ќе го истражиме тоа што се случило3, рече Мексви. Видеата објавени на профилот на Фејсбук од вели, вклучително и она објавено ден по пукањето, покажуваат дека бил фрустриран од Советот на станари, но и од останатите соседи и станари.

На снимките Вели изнесува невтемелени тврдења дека здравјето му е нарушено од зградата. Џон Санторо, кој претходно бил член на Советот на станари, рече дека Вели не е чудовиште и верува дека му требала стручна помош.

„Неколкупати коментирав со сопругата дека ова ќе заврши многу лошо“, рече Санторо.

Водел правна битка со управата на зградата

Вели изгубил неколку правни битки со управата на зградата која во 2019 година поднела барање за забрана за приближување против него како одговор на тоа што ги вознемирува другите станари. Судот му забранил и објави на социјалните мрежи.

Минатата година е прогласен за виновен за непочитување на судот затоа што не престанал да ги вознемирува соседите, а и продолжил да објавува на фејсбук. Компанијата во чие сопствеништво е зградата последните месеци од судот барала Вели да оди во затвор и да биде присилен да го продаде својот стан како казна за непочитување на претходните пресуди.

Вели, во видеото објанвено во неделата, ги нарече убијци, поради правната постапка против него. Полицијата во зградата стигнала во 19.20 часот, а набрзо по нивното доаѓање Вели се појавил во ходникот. Полицаец тогаш пукал и го убил.

Специјалната истражна единица, која го истражува пукањето во кое е вмешана полицијата, велат дека полицајците пронашле жртви на различни катови.

Вели имал полуавтоматски пиштол, а истражителите веруваат дека пукал и на полицајците кои го убиле. Не можеа да потврдат дали употребеното оружје е регистрирано.