Човек нападнат од мечка кај Македонски Брод


Едно лице бил нападнато од мечка вчера на потегот меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, информира ЦУК.

Нападнатиот бил спасен од ловци кои случајно биле во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице кое било преплашено се здобило со телесни повреди.