Човек кој „загинал“ во земјотресот во Сирија се „врати од мртвите“ на погребот


Повеќе чудесни приказни пристигнуваа во деновите по земјотресите во Сирија и во Турција, но оваа е единствена.

Ахмад Ал-Агриби е ископан од под урнатините на зградата што паднала во градот Атриб во Сирија. Болничарите утврдиле дека неа реагира и го префрлиле неговото тело во мртовечница. Таму останал два дена, додека членови на неговото семејство не дошле да го идентификуваат,

Според локалните медиуми, неколку часа по идентификацијата од страна на семејството, неговото тело е ставено во вреќа за мртовци и префрлено на локалните гробишта. Но, кога почнал погребот, станало јасно дека „телото“ кое треба да се погреба е живо и здраво.

неговото семејство, пријателите и роднините кои биле присутни на погребот итно го вратиле во болница, каде сега се опоравува. Локалните медиуми нагаѓаат дека можеби се работи за маж чи е срце престанало да чиука и подоцна почнало да забрзува, но причината за неговата „смрт“ не е разјаснета, пренесе Ерусалим пост.