Читам, значи патувам: Летен фестивал на книгата во „Три“


Каде или со кои книги ќе патуваме летово? Што ако годинава не мораш да бираш меѓу место и книги? Сo Летниот фестивал на книгата во ТРИ: да читаш значи да патуваш. Затоа, покрај нови наслови, свежи неделни препораки и понуди, ти издава и читателски пасош!  

Пополнувањето на пасошот е твојот нов читателски предизвик и е многу едноставно: колку повеќе читаш, толку повеќе печати добиваш. Тоа значи патешествие полно со изненадувања, па освен печати, ти подаруваме торбички со освежен дизајн, книги и други мали подароци! Ако ги поминеш сите девет попатни станици и стигнеш до крај, влегуваш во игра за вредносни ваучери, бесплатни книги во текот на целата година или патување со омилената личност на некоја дестинација!  

За да тргнеш на оваа авантура, патот те води до нашите книжарници, каде што со првата сметка од 500 денари можеш да си го подигнеш својот нов пасош. Што друго те очекува таму?  

Ако беше таму „Пред да се излади кафето“ и ги слушна „Приказните од кафулето“ Фуникули фуникула, сега повторно отпатувај во времето и пробај да стигнеш „Пред да избледи сеќавањето“

Најновиот роман на Али Хејзелвуд, „Скок во забранети води“, може да биде твојата летна авантура која те води директно на море, на бреговите на Калифорнија. Запознај ги Скарлет и Лукас и нурни се во забранетите води на желбата и страста. Или, научи како да ги разбираш другите за да се разбереш подобро себеси преку новиот моќен психолошки водич „Размислувајте како психолог“.  

Летниот фестивал на книгата почнува од денес (22 јуни). Жешкото време носи уште пожешки цени со попуст до 70 %  во нашите книжарници, каде што те чека пријатна атмосфера. Пасошот сепак е документ што се пополнува со мирна глава

Среќен пат!