Чистење на дивите депонии во Општина Аеродром


Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве спроведува акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината.

– Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром. Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и дивите депонии во Долно Лисиче, соопштуват од прес-службата на Општина Аерором.

Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број 075-316-515.

Од таму информираат дека комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и за викенди.