Чикаго за првпат има градоначалничка афроамериканка


Поранешната федерална обвинителка Лори Лајтфут е избрана за градоначалничка на Чикаго со што стана првата афроамериканка на оваа функција.

Таа се бореше против 13 други кандидати и доминираше во последното гласање со повеќе од 74 проценти освоени гласови.

Лајтфут исто така е првата лезбејка градоначалничка на Чикаго, и победа ја прослави со нејзината сопруга и ќерка и.

– Вечерва гледаат многу мали девојчиња и момчиња. Не набљудуваат. И тие гледаат почеток на нешто малку поинакво, изјави таа пред толпата што ја славеше нејзината победа.

Лајтфут (56) се сметаше за аутсајдер во трката и водеше кампања врз основа на платформа за ставање крај на политичката корупција и помош на семејствата со ниски приходи.

Злосторствата извршен со употреба на оружје и полицијата исто така се меѓу главните задачи што треба да се решат во градот, кој е измачен од високи нивоа на насилство и убиства.

Таа ќе ја преземе функцијата од поранешниот градоначалник Рам Емануел, кој пред да стане градоначалник беше шеф на тимот на поранешниот претседател Барак Обама.