Четвртиот пакет мерки за економијата ќе биде претставен наскоро


Вицепремиерот за економски прашања, координацијана економские ресори и инвестиции Фатмир Бетиќи денеска на средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други претставници од компании, членки на комората, го реафирмираше ставот дека Владата го слуша гласот на сите чинители во економскиот живот.Тој  порача дека Владата тежнее кон создавање нова развојна и одржлива економија, а еден од клучените елементи во тој процес се компаниите и коморите, кои ги обединуваат потребите на претпријатијата.

Зорувајќи за предизвиците со кои се соочија компаниите и државата, но и целиот свет, а кои доаѓаат како последица од пандемијата предизвикана од коронавирусот, вицепремиерот посочи дека Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место.

Тој додаде дека четвртиот сет на мерки, кој е во подготовка и ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата. Токму состаноци како овој, подвлече Битиќи, ни даваат вистинска слика кои се потребите на стопанството и каде треба да делуваме.