Четвртина од српските граѓани нема да одат на годишен одмор поради пандемијата


Речиси четвртина од населението во Србија нема да оди на летување оваа година поради пандемијата на коронавирус, а жените во тој поглед се многу повнимателни од мажите, покажа најновото истражување на Демостат.

Според истражувањето, 23 отсто од граѓаните нема да одат на годишен одмор поради пандемијата.

Жените се повнимателни од мажите, па затоа 27 отсто од жените ја наведоа пандемијата на коронавирус како причина да се откажат од одморот, додека кај анкетираните мажи, само 17 проценти го наведоа стравот од корона.

Петтина или 20 проценти од учесниците во анкетата решиле да го поминат годишниот одмор во Србија, 18 отсто се уште не одлучиле, додека околу 12 отсто од испитаниците, сепак, веруваат дека ќе можат да го поминат годишниот одмор во странство.

Поради немање пари, 17 отсто од учесниците во истражувањето ќе се откажат од одморот, додека 10 отсто од нив наведоа некои други причини.