Четворица ракометари позитивни на корона вирус

Новиот ракометен суперлигаш КЛ7 објави дека од резултатите на тестирањето на сите ракометари од првиот тим, младинците и кадетскиот состав, два теста биле позитивни на корона вирус.
-Пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”. Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом, објави КЛ7 на својата веб-страница.
Битолскиот Пелистер 2 исто така има позитивни случаи на корон авирус во своите редови. Станува збор за двајца млади ракометари од вториот тим, а токму затоа клубот ги откажа подготовките во Маврово.