Четворица загинати при уривање зграда во Каиро


Четири лица загинаа, а петмина се повредени при уривање на зграда во областа Хадаик ал Куба во египетската престолнина Каиро, јави Ал-Ахрам.

Повредените се пренесени во болница. Спасувачки тим трага по луѓе кои можеби биле затрупани под урнатините.

Сите луѓе кои живееле во зградата биле роднини.

Обвинителството го истражува инцидентот.

Министерот за социјална солидарност Невин ал-Кабаг објави дека семејствата на жртвите ќе добијат по 60.000 египетски фунти (1.941 долари).

Во јули уште една станбена зграда се урна во истата населба, при што загинаа 13 лица. Претходно паднаа три згради во Александрија и Бухаира.