Четворица малолетници повредени во сообраќајка кај Свети Николе


Илустрација

Во неделата, во 16.25 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од с.Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.