Четири нови случаи заразени и двајца излекувани од корона вирус во Кичево


Во Кичево денес четири нови лица се заразени со коронавирусит Ковид-19 и двајца ја победиле болеста според податоците од Министерството за здравство, со што пак вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 72, од кои 61 се активни, 10 се излекувани и едно лице е починато.

-Новозаболените се во добра општа здравствена состојба и се лекуваат во домашни услови се разбира во изолација и под контрола на нивните матичните лекари , за среќа денеска имаме и двајца извлекувани лица во Кичево, рече Д-р Џабир Бајрами , член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево ,

Тој апелира до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните, во затворено задолжително да носат маски и да не се групираат.