Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито

Денеска се навршуваат 45 години од смртта на Јосип Броз Тито (88), доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.
Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е означен како датум на неговото раѓање, кој подоцна се одбележуваше како Ден на младоста.
Движењето на неврзаните, во чие основање одигра огромна улога, ја зајакна неговата позиција на меѓународната сцена и ја доближи Југославија до жителите и пазарите на земјите од Африка и Азија, што имаше позитивен политички и економски ефект.
Системот на самоуправување во економијата, кој беше воведен во средината на седумдесеттите години од минатиот век не го издржа тестот на времето, економијата не стана доволно конкурентна, ниту способна да вработи соодветен дел од населението.
Во последните години од неговиот живот задолженоста на земјата нагло се зголеми со зајакнувањето на социјалните, а подоцна и националните тензии, што десет години подоцна во 1990 година ќе доведе до крвав распад на Југославија и формирање на мали национални држави, слабо влијание и минијатурна политичка моќ.
Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации од ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми. Неговото тело беше пренесено во Белград, каде што беше погребан во Куќата на цвеќето. На погребот на Јосип Броз Тито присуствуваа повеќе од 200 истакнати личности од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви, владетели и партиски лидери од 107 земји. Меѓу нив беа Индира Ганди, Маргарет Тачер, Леонид Брежњев и многу други.