Четири турски борбени авиони го повредија воздушниот простор на Грција


Четири турски борбени авиони навлегоа денеска во Атинскиот воздушен информативен простор, а при тоа не поднеле план за летање, јави грчката агенција АНА.

Во 14.42 авионите ги прелетале островите Стронгило и Плаку, на надморска висина од 4.876 километри.

Според Генералштабот на грчката национална одбрана, два авиони од типот Ф-16 и два Ф-4 од турската воена авијација биле препознаени и пресретнати од грчки борбени авиони.