Четири начини како да уништите француска божиќна вечера


Како го расипувате францускиот Божиќ? Со австралиско вино? Британска храна? Или можеби само со добра, старомодна расправија.

Секој празник што вклучува семејно обединување носи ризик од несогласувања и расправии околу политиката. Но, викањето еден на друг е толкава француска традиција што познатата карикатура од 1898 година за семејна тепачка може да се најде во повеќето училишни историски книги.Еве ги четирите теми кои речиси гарантираат дека Французите ќе си викаат меѓусебно седнати околу  нивната мисирка овој Божиќ ( ако сакате да бидат пет само спомнете ги претстојните претседателски избори).

Паштета од гуска
Паштетата од гуска е главен дел од француската празнична трпеза, но сè поконтроверзна, при што некои градови го забрануваат деликатесот, направен од  со сила згоени патки. Поради тоа,  градот Лион ја забрани паштетата од гуска на сопствените настани, одлука што беше толку спорна што градоначалникот од Зелените, Грегори Душе, мораше да ја брани во написот што го напиша за „Журнал ду Диманш“. „Тоа не е бојкот, ниту забрана“, тврдеше тој, сакајќи да ги увери љубителите на црниот дроб во градот опишан како светска престолнина на гастрономијата.

Зелените градоначалници во Стразбур и Гренобл зазедоа слични ставови, навредувајќи ги производителите додека ги задоволуваа невладините организации за заштита на животните. Зелениот кандидат за претседател Јаник Јадот се обиде да избегне навреда велејќи дека сака „занаетчиска паштета“ наспроти „индустриско присилно хранење“. Конзервативната кандидатка Валери Пекрес, исто така, се вклучи во спорот, велејќи: „Благосостојбата на животните е прашање во кое јас сум лично вклучена … но во одреден момент, Франција е Франција, а паштета е Франција“.

Без оглед на тоа, паштетата е сè уште омилена храна на празниците. Според неодамнешната анкета нарачана од здружението на производители на паштета, 75 отсто од француското население има намера да ја  јаде за време на празниците. Но, според анкетата на  невладина организација за заштита на животните  58 отсто од Французите се да се забрани присилното  хранење на гуските. Ако сакате да го зачините аргументот: можете да споменете дека Обединетото Кралство со месеци се обидува да го забрани увозот на паштетата од гуска  и веќе бара од готвачите да ја заменат со друга.

Инклузивен јазик
 Пекол настана во францускиот политички дискурс кога луѓето во ноември дознаа дека родово-неутралната заменка iel е додадена во онлајн верзијата на Petit Robert, еден од водечките речници. Францускиот јазик нема неутрални заменки и користи заменки од машки род за да се именува, на пример, група составена од мажи и жени. Iel е прилично неодамнешна креација и доаѓа од il и elle. Тоа е алтернатива на заменките од машки род и може да се однесува на луѓе кои се идентификуваат како небинарни. Но, едвај се користи надвор од феминистичките и ЛГБТК+ заедниците . 

Потегот на Petit Robert го поттикна пратеникот Франсоа Жоливе, поддржан од министерот за образование (и крстоносецот против будењето) Жан-Мишел Бланкер, да напише писмо до Француската академија и до телото на франкофонски интелектуалци задолжени за регулирање на јазикот.  Додавањето е „идеолошки упад“, напиша Жоливе, „ најавувајќи доаѓање на  идеологија која ги уништува нашите сопствени вредности“. Првата дама Брижит Макрон, исто така, рече дека „францускиот јазик е толку убав што и две заменки се добри“.

Мерки за COVID-19
На милиони Французи им се земаа брисеви од носот пред празниците, при што аптеките ширум земјата продаваат шест пати повеќе комплети за самотестирање отколку пред еден месец. Но,  варијантата Омикрон внесува доза на несигурност во празнувањата  поради опасноста од нови  ограничувања. Според анкетата на Ипсос, 41 отсто од Французите изјавиле дека разговорите со  нивните роднини за вакцинацијата или за ковидот пропусница создале „тензија или сериозен конфликт“. За ова не помага најавата дека невакцинираните луѓе наскоро не ќе можат да добијат пристап до одредени места со негативен тест за ковид. Француската влада, исто така, размислува да го направи ковид пасошот задолжителен на работното место, но престанува да ги прави задолжителни вакцините.

Веројатните трогателни прашања на трпезата вклучуваат: „Дали ќе морам да го школувам дома моето потомство уште една недела? … „Дали мојот братучед антиваксер користи една од 110.000-те лажни ковид пропусници во Франција?“ … „Како да го спречиме пијаниот вујко да пие директно од бокалот?“ Ако сакате да го запалите дополнително амбиентот  спомнете го холандското заклучување.

Ветерници
Турбините на ветер може да бидат помала причина за расправија, но во зависност од тоа колку е блиску вашата вечера до фарма на ветер, таа може брзо да стане грда. Според националната федерација Vent de Colère, стотици локални групи ширум земјата се борат како  Дон Кихот против гигантските бели ветерници. Главниот проблем е естетиката, но и  влијанието врз локалниот див свет. Француската јавност е рамномерно поделена, според анкетата на ИФОП. Околу 54 отсто од Французите се за нови турбини на ветер, а 46 отсто се против. Она што е интересно – и ќе придонесе за некој зачинет разговор за вечера – е генерациската поделба: 81 отсто од оние на возраст од 18 до 24 години се за ветерниците, наспроти многу помалиот број, 44 отсто, кои ги поддржуваат а имаат над 65 години.  

Претседателските кандидати од екстремната десница се зафатија со ова прашање: Марин Ле Пен во октомври повика на „демонтирање“ на 8.000 француски турбини, додека десничарскиот поранешен експерт Ерик Земур рече дека тие се „катастрофа“.