Четири лица загинаа во судар на два авиона во Флорида


Загинаа сите четири лица во двата мали авиони кои се судрија во Флорида, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Полк.

Несреќата се случила над езерото Хартриџ во Винтер Хевен, околу 45 милји југозападно од Орландо. Во несреќата учествувале хидроавион Пајпер Ј-3 и Чироки Пајпер 161, јавува Си-Ен-Ен.

Едниот авион бил пронајден делумно потопен во езерото Хартриџ, а другиот целосно потопен на дното на езерото, соопшти канцеларијата на шерифот.

Причината за судирот се уште не е позната. Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација ќе спроведат истрага, најави канцеларијата на шерифот.