Четири јужноамерикански земји заеднички кандидати за организација на Мундијалот 2030


 

Аргентина – Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај ја формализираа својата заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година, кога ќе се одбележи 100-годишницата од првото мундијалско издание.

– Ова не е владин проект, ова е сон на целиот наш континент. Се наоѓаме на култното место од каде сè започна. Ќе има уште многу светски првенства, но 100-годишнината ќе се слави само еднаш, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез во обраќање на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео во придружба на претседателите на фудбалските федерации на четирите земји кандидати.

Првото Светско фудбалско првенство се одржа на „Сентенарио“ во Монтевидео во 1930 година кога домаќинот триумфираше во финалето над Аргентина со 4-2.

Четирите јужноамерикански држави планираат да бидат домаќини на Мундијалот 2030 на 14 стадиони со учество на 48 репрезентации.