Честото земање антибиотици ги зголемува цревните инфекции кај постарите од 40 години


Честата употреба на антибиотици може да резултира со зголемена можност за развој на воспалителни болести на цревата, како Кронова болест или улцерозен колитис, за речиси 50 отсто меѓу луѓето постари од 40 години, покажа ново данско истражување.

Истражувачите ја следела здравствената состојба на повеќе од шест милиони жители на Данска во период од 10 години и откриле дека земањето антибиотици кај повеќето е поврзано со ризик од развој на воспалителни болести на цревата. Студијата упатува на тоа дека учинокот е кумулативен.

Сите се подложни, ни особено оние над 40 години

Научниците воочиле дека учинокот од земање антибиотици е видлив во сите старосни групи, но посебно се склони постарите од 40 години.

Ако спаѓате во возрасна група од 40 до 60 години и во последните пет години често сте земале антибиотици, изложени сте на 48 отсто зголемен ризик од настанување воспалителни болести на цревата, тврдат данските истражувачи.

Антибиотици добивале 90 отсто од учесниците во студијата. Истражувачите потоа евидентирале 36.000 случаи на улцерозен колитис и речиси 17.000 нови случаи на Кронова болест.

„Од студијата се гледа дека земањето антибиотици е поврзано со зголемен ризик од развој на воспалителни болести на цревата меѓу постарите лица во споредба со помлади луѓе. Истовремено, воочивме зголемен ризик од развој на воспалителни болести на цревата четири до пет години по изложувањето на антибиотици и по употреба група антибиотици кои често се користат за лекување гастроинтестинални патогени“, објавија научниците во стручниот магазин „Гут“.

Појаснија дека земањето антибиотици може да предизвика трајни промени во микробното окруќжување, што на крај придонесува за развој на восплаителни цревни болести.

Прехранбени бои

Неодамна, спроведена е студија која покажала дека популарната прехранбена боја „Allura Red AC“, која се користи да ја зголеми бојата и текстурата на безалкохолните пијалоци и слатки, може да ја наруши работата на цревната бариера и да го зголеми ризикот од развој на воспалителни болести на цревата.

Прехранбените бои ја зголемуаат количината на серотонин и можат да влијаат на промена на составот на цревната микрофлора, што луѓето ги прави осетливи на воспалителн болести на цревата.

Професорот Валиул Кан од бриотанскиот Универзитет „Мекмастер“ вели дека откритието на данските научници е „важен чекор кој би требало да ја сензибилизира јавнсота за потенцијалната штета која ја прават прехранбените бои“.

Кан вели дека во Обединетото кралство речиси половина милион луѓе боледуваат од Кронова болест или колитис, а во светот околу 10 милиони.

Што се Кроновата болест и улцеративниот колитис?

Кроновата болест е неспецифичен хронично воспалителен процес на тенкото црево што се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленија, а може да се јави и на дебелото црево.

Кај оваа болест се јавуваат многу ранички, чиреви на ѕидот на цревото (улцерации) кои меѓу себе се одделени со здрав ѕид, понекогаш се јавуваат и анални фисури, се чувствуваат повремени или трајни болки проследени со многу празнења (до 40 дневно), лажни нагони за во тоалет, во изметот има многу слуз, често и крв и кашасти состојки. Се губи доста во тежина, се слабее брзо и слично.

Улцеративен колитис е хронична состојба која разултира со појава на воспаление и улцери на колонот и ректумот.Главни симптоми на активна болест се абдоминална болка и дијареа помешана со крв. Губиток на телесна тежина, треска, и анемија исто така може да се појават. Често, симптомите се развиваат бавно и може да бидат од благи до сериозни.