Честитка стигна и од Вашингтон: Сега треба да се работи на следните чекори


Ентони Блинкен

 

Прифаќањето на заклучоците во Собранието доби поддршка и честитки и од САД. Со специјална изјава се јави државниот секретар Ентони Блинкен, во која се нагласува дека компромисот го признава македонскиот јазик. Блинек порача дека во овој моментум треба да се работи на следните чекори.

„Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на парламентот на Северна Македонија да ги преземе следните чекори на пристапниот пат на Северна Македонија во ЕУ. Ги препознаваме тешките компромиси разгледани во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик. Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори“, се вели во изјавата на државниот секретар Блинкен.