Честитка од Бајден за отворањето на преговорите на Македонија и Албанија
По одржувањето на двете меѓувладини конференции за почеток на преговорите на ЕУ со македонија и Албанија се огласи американскиот претседател Џо Бајден и го поздрави овој „важен чекор“, како што вели.
„Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија“, вели Бајден.
Американскиот претседател нагласува дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер сѐ додека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.
„Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии“, додава Бајден.