Чешкиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба


Долниот дом на чешкиот Парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба до 23 декември, што е пократко отколку што побара кабинетот на премиерот Андреј Бабиќ.

Некои мерки воведени од чешката Влада со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, како на пример ограничување на јавни собири или привремено прекинување на работатат на некои компании, може да се применат само доколку се законски засновани во вонредна состојба.