Чешкиот министер за здравство поднесе оставка поради зголемениот број случаи на корона вирус


Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на корона вирус во земјата.

Премиерот Андреј Бабиш му се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше да ја потроши целата своја енергија борејќи се со корона вирусот.

Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Европа по Шпанија. Чешка пред летото ги укина сите мерки воведени за време на првиот бран на коронавирусот во земјата.

Во изминатите две недели, Чешка регистрира 193 случаи на 100.000 луѓе, информира Европскиот центар за превенција и контрола на болести.