Чешка со рекорден број новозаразени, денеска 3.493


 

Во Чешка потврдени се нови 3.493 случаи со корона вирус во еден ден, соопшти Министерството за здравство.

Во Чешка, во која живеат 10,7 милиони граѓани, од почетокот на пандемијата од корона вирус заболеа 74.255 лица, додека починаа 678, пренесе Ројтерс.

Во земјата, последните недели се бележат зголемен број позитивни случаи на Ковид-19.