Чешка ја продолжи контролата на границата со Словачка: Мора да ја спречиме илегалната миграција


Чешката  влада најави дека ќе ги продолжи проверките по случаен избор на границата со Словачка за 20 дена, до 22 ноември, за да се спречи илегалната имиграција.

Австрија, Чешка и Полска на почетокот на октомври воведоа контрола на границата со Словачка, а потоа ја продолжија до 2 ноември.

Неодамна, Словачка бележи зголемување на бројот на мигранти и баратели на азил, кои главно пристигнуваат од Србија преку Унгарија, на пат кон најбогатите западни земји. „Додека навистина не се воспостави ефективна заштита на надворешните граници на ЕУ, ќе мора да се бориме против илегалната имиграција на внатрешните граници на Шенген“, објави чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан на X.

По Прага, Виена и Варшава, Словачка воведе гранична контрола со Унгарија на 5 октомври. Германија, најомилената дестинација за мигрантите и барателите на азил, ја зајакна контролата на својата источна граница со Чешка и Полска на крајот на септември. Австрија воведе гранична контрола со Чешка на 17 октомври. Италија воведе контроли и во Словенија, а Словенија на границата со Хрватска и Унгарија.

Љубљана пред неколку дена ги продолжи контролите со Хрватска и Унгарија до 19 ноември. Повторното воведување на контроли во рамките на Шенген е можно во исклучителни околности, за што треба однапред да се информира Брисел.