Челзи чека да му ја симнат забраната и да тргне по Муса Дембеле


Премиерлигашот Челзи сака да го купи напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, но проблемот е што клубот има забрана за трансфери, поради бројни неправилности кои ги правел во минатото со млади фудбалери.  

Интерес за некогашниот голгетер на Селтик, има и од Манчестер јунајтед, чии претставници го гледаа во саботата, кога тој даде гол на дуелот против Тулуз. Челзи не смее да купува играчи во јануари, па ќе мора да почека до јули, ако сака да го привлече Дембеле.

Предноста на „црвените ѓаволи“ е што тие може да се обидат да го земат уште во зимскиот преоден рок во јануари, но прашање е дали ќе испратат толку добра понуда која Лион би го натерала да ја продаде својата 23-годишна ѕвезда.