Чедомир Јовановиќ се степал со сопругата. „Вистина е . Одам сам да се пријавам во полиција“


 

Србија-  На белградската полиција во средата околу 10.30 часот, е пријавено семејно насилство во Нов белград, се степале српскиот лидер на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ и неговата сопруга Јелена , пишува Блиц.рс.

– Вистина е, се скаравме. Сега сум кај пријател излегов од станот, а ако кажете дека ме пријавила во полиција, ќе се пријавам сам – изјави политичарот за Блиц.рс.

Пред самиот Јовановиќ да ги потврди наводите на споменатиот портал, куќната помошничка на неговото семејство негираше каков било конфликт меѓу сопружниците. Двајцата не се пронајдени во станот, а наводите ќе се проверат кај сведокот.

Чедомир и Јелена имаат четири деца.