Чеди Осман и Ебру Шахин- славни турски кошаркар и актерка ќе се венчаат во Охрид


Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Чеди Осман одморот го поминува со својата девојка, позната турска актерка Ебру Шахин во Македонија, која на социјалните мрежи сподели видео од забавата во Охрид.

Ова и не е толку чудно бидејќи Осман своето детство го поминал на овие простори, бидејќи е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Србинка од Нови Пазар.

Врската со Ебру Шахин трае подолго време, а викендов следува и венчавката, и тоа токму во Охрид.

Како што пренесуваат турските медиуми, венчавката на познатата двојка ќе се случи викендов на брод на Охридското Езеро, а потоа на 7 јули ќе организираат и свадбена веселба и во Турција. Тие веќе неколку дена престојуваат во Охрид каде уживаат на плажите и во ноќниот живот. Ебру редовно споделува импресии на својот Инстаграм.

Ебру и Осман се свршија во 2021 година.

Осман започна да се занимава со кошарка во КК Босна, а како дванаесетгодишник потпиша договор со Анадолу Ефес, денес двократниот актуелен шампион на Европа. Тој помина десет години во Ефес, а од 2017 година игра во НБА за Кливленд Кавалирс.