Чави заразен со корона вирус


 

Познатиот шпански фудбалер Чави Ернандез, објави дека е заразен со корона вирус.

Некогашниот везен играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија во моментот се наоѓа во Катар каде ја тренира екипата на Ал-Сада.

Со оглед на тоа дека тамошното првенство се вража овој викенд, Чави ќе мора да го пропушти мечот против Ал-Кор.

Чави вели дека добро се чувствува но дека ќе мора да биде во самоизолација.

„Го следев протоколот на Сојузот и пред неколку дена сум тестиран на Ковид-19 и бев позитивен. На моја среќа, се чувствувам добро, но ќе бидам изолиран додека не ми кажат поинаку. Кога здравствените установи ќе ми дозволат радо че се вратам на своето секојдневие и на работа3, изјави Чави.

Во Катар досега се потврдени повеќе од 108.000 случаи на заразени со корона вирус. Починаа 164, а повеќе од 105.000 оздравеа.