Чави најблиску до клупата на Барселона


Откако Роналд Куман доби отказ во фудбалскиот клуб Барселона, легендата на овој клуб Чави Хернандез е првиот фаворит за негов наследник.

Поразот од Рајо Вањекано беше последниот за Куман на клупата на Барса. Тој уште синоќа е сменет по итниот состанок кој го одржа раковоството на каталонскиот клуб.

Прв фаворит за негов наследник е легендата Чави, кој по играчката кариера се стекна со тренерско искуство во катарски Ал Сад.

Како што пренесува угледниот новинар Фабрицио Романо, Чави веќе почна преговои со Ал Сад за раскинување на договорот, за да биде слободен на пазарот и да стигне во својот клуб.

Другите кандидати кои се земени како опција за Барселона се свесни дека Чави е голем фаворит.

Каталонски „Спорт“ исто така пишува дека најблиску до клупата на барселона е Чави, но во конкуренција се и Андреа Пирло, Марчело Галардо, Ерик Тен Хаг Роберто Мартинез.