Чави може да добие отказ доколку загуби од Наполи


 Тренерот на Барселона Чави ќе добие отказ доколку тимот го загуби реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи, пренесува „Carrusel Deportivo“. 

При таков развој на настаните, за предводник на каталонскиот фудбалски великан ќе биде назначен Мексиканецот Рафаел Маркез, кој работи со резервниот тим на Барселона.

Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи ќе се одигра во вторник на 12 март во Барселона. Првиот натпревар заврши нерешено – 1:1.

Во јануари Чави објави дека ќе ја напушти Барселона по завршување на тековната сезона. Тимот од „Камп ноу“ е втор во поредокот на Шпанското фудбалско првенство со 61 бод, пет помалку од лидерот Реал Мадрид.