Чарлс и Камила со цветна божикна честитка место елка
Англија– Нема божикна атмосфера, елка или лампион, но принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол објавија слатка празнична честитка оваа година – со цвеќиња, пчели и пеперутки!
Шарената фотографија ја направи еден вработен за време на престојот на двојката во Биркхол, шкотскиот дом на принцот, на почетокот на есента.
Органската градина и нејзината низа цветови се рај за инсекти и диви животни и нешто навистина вистинска гордост за принцот Чарлс (72).
Кога двојката ќе погледне наназад во годинава, како и многу семејства, ќе ја имаат пандемијата на коронавирус и нејзините разорни ефекти во нивнитете умови. На Чарлс му беше дијагностициран Ковид-19 во раните недели на кризата. Неговиот син принцот Вилијам исто така беше позитивен на коронавирусот.
Камила мораше да се самоизолира во друг дел од нивниот дом во Шкотска, додека Чарлс се опоравуваше во раните недели на пандемијата.
Двојката се потруди да ги следи своите добротворни цели и интереси преку телефонски и видео повици пред да започне да ги извршува лично посетите кога условите беа дозволени на почетокот на летото.
Поради постојаната пандемија, кралското семејство ги откажа своите вообичаени планови за собирање во Сандрингем Хаус во Норфолк за Божик. Чарлс и Камила наместо тоа ќе го поминат денот во нивната селска куќа Хајгроув Хаус, во Глостершир и ќе ги видат кралицата Елизабета и принцот Филип во замокот Виндзор во одреден период во периодот на празникот.
Кралицата и Филип најверојатно ќе го поминат денот сами во замокот Виндзор, каде што се сместени поголемиот дел од годината.