Чаир се уште на врвот со најголем број активни случаи


Фото: Б. Грданоски

Активни случаи во земјава се 2.868 од кои 1.653 се во Скопје. Трицифрени бројки на активни случаи има во Тетово (316), Куманово (229) и Штип (207). Во Штип се направени и 77 скрининг-тестови во градинките, но нема позитивни.

Меѓу скопските општини, Чаир е сè уште на  врвот на листата со најголем број активни случаи (363), а следуваат Гази Баба со 148, Бутел (133), Аеродром (129), Центар (126), Сарај (125) и Карпош со 115 активни.