Чадиковски: Не би сакал градот да го води човек како мене, стручен за друго


– Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене, кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес – одговори денеска д-р Владимир Чадиковски на прозивките дека ќе биде кандидат за градоначалник на следните локални избори предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, ТВ 21 излезе со информација дека Чадиковски e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.

Дополнително, Чадиковски би поминал добро и меѓу албанските гласачи, а според изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да договори коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локални избори, во тој случај Чадиковски би бил следниот градоначалник на Скопје, покажуваат анкетите.