Чадиковски ја напушти Детската хирургија во клиниката на Жан Митрев


Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска поднесе оставка на Клиниката Жан Митрев.

Тој беше дел од тимот на доктори кој како дел од проектот за јавно приватно партнерство се префрлија во приватната болница во Детската кардиохирургија, а по пет месеци работа во приватната клиника реши да ја напушти истата поради наводни несогласувања со Жан Митрев. Со него се очекува да си замине остатокот од тимот.

Чадиковски инаку е единствен лиценциран детски кардиохирург во земјава. Со одлука на владата без јавен повик детската кардиохирургија му беше дадена на Митрев. Чадиковски на клиниката за детска хирургија работеше 20-тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија фондот да ги покрива операциите. За да ги прави овие операции тој доби буџет од милион евра од Фондот за здравствено осигурување.