Централните банки на земјите од Г-20 ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки
Лидерите на Групата 20 водечки светски економии (Г20) објавија дека нивните централни банки ќе продолжат да го приспособуваат темпото на затегнување на монетарната политика, имајќи ја предвид потребата да се ограничат „прелевачките ефекти“.
Во соопштението од состанокот се наведува дека членките на Г20 ја потврдиле својата посветеност да се избегне прекумерна нестабилност на курсевите на валутите, притоа признавајќи дека „многу валути забележале значителни движења“ оваа година, пренесува Ројтерс.
„Централните банки на Г-20…внимателно го следат влијанието на ценовните притисоци врз инфлациските очекувања и ќе продолжат да го калибрираат темпото на затегнување на монетарната политика соодветно врз основа на индикатори и со јасно образложение“, се додава во извештајот.
Поради постојаната загриженост на економиите во развој за влијанието што агресивното зголемување на каматните стапки во САД би можело да го има на нивните пазари, се забележува дека централните банки на Г20 ќе ја земат предвид потребата да се ограничат негативните ефекти.
Независноста на централните банки е клучна за постигнување на овие цели и зајакнување на исправноста на монетарните политики“, се заклучува во соопштението.