Центарот на Куманово без вода


Дефект на водоводен вод Ф350, за ниска водоводна зона на улица 11 Октомври остави дел од Куманово без вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека  поради дефект на водоводен вод Ф350 на улицата „11 Октомври“ (од крстосница  со улицата која се вклучува од автопат Е-75), повисоките делови на ниска водоводна зона останаа без водоснабдување. Граѓаните велат дека имаат недостиг или намален дотур на вода.

-Екипите на ЈП Водовод на терен извршија измена на стандарден режим на водоснабдување со контролиран дотур на вода од средна и висока водоводна зона, поради што водоснабдувањето се стабилизира, и во највисоките делови на ниска водоводна зона се очекува да се нормализира водоснабдувањето во тек на попладневните и вечерните часови, соопштија од ЈП.