Центар, Аеродром и Карпош со повеќе од 300 активно заболени од Ковид-19
По денешните нови 383 регистрирани заболени од Ковид-19, три скопски општини имаат повеќе од 300 активни случаи.
Имено, Центар има 316, Аеродром 311, а Карпош 301 активно заболен од Ковид-19.
Според денешната статистика, активни случаи во скопските општини се во:
Центар – 316
Аеродром – 311
Карпош – 301
Кисела Вода – 208
Гази Баба – 168
Ѓорче Петров – 149
Чаир – 92,
Бутел – 67
Илинден – 31
Сарај – 16
Шуто Оризари – 15
Сопиште – 9
Петровец – 7
Чучер Сандево – 6
Арачиново – 4
Студеничани – 3
Зелениково – 3
странци – 14
нераспределени – 23.
Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје