Цените на нафтата паѓаат кон 76 долари


Работите со нафтата почнуваат да се влошуваат порано отколку што се очекуваше

Цените на нафтата паднаа во вторник на меѓународните пазари кон 76 долари пред објавувањето на податоците за инфлацијата во САД, кои ќе бидат клучни за одлуката на американската ФЕД за каматните стапки.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 57 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 76,44 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар каде се тргуваше за 72,57 долари.

Во фокусот на пазарот оваа недела се податоците за инфлацијата во САД во април, кои ќе бидат објавени во среда.

Податоците за инфлацијата ќе бидат значајни за монетарната политика, по минатонеделното зголемување на каматните стапки, што може да означи крај на циклусот на заострување на условите за финансирање. ФЕД не објави насоки за потребата од зголемување на каматните стапки, а инфлаторниот притисок е намален.

Американските потрошувачи процениле во април дека инфлацијата треба да биде малку пониска за една година, се вели во извештајот на филијалата на ФЕД во Њујорк, објавен во понеделникот.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска одделно објави дека во понеделник цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки се зголемила за 2,25 долари, на 76,54 долари.