Цената на златото на нов рекорд, 3.200 долари за унца

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина.
Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените безбедни засолништа.
Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на државните обврзници на САД, која започна претходно оваа недела, продолжи.
„Масовното бегство во безбедни засолништа… сето ова го одразува целосниот недостаток на јасност на финансиските пазари денес“, изјави Оливие д’Асие од инвестициската компанија SimCorp за Би-Би-Си.
„Сега живееме во свет без правила – кога станува збор за трговија, безбедност, здравје, па дури и суверенитет“, додава тој.
„Затоа сигурните засолништа како златото, швајцарскиот франк и неамериканските државни обврзници се единствените опции во моментов“.
Безбедно засолниште е инвестиција која се очекува да ја задржи или дури и да ја зголеми вредноста во периоди на економска несигурност.
Сето ова доаѓа откако акциите на Волстрит потонаа во четвртокот, а азиските пазари денеска го продолжија падот.