Цената на кафето на рекордно ниво по намалените испораки од Бразил
Цените на кафето арабика денеска достигнаа максимум благодарение на силната побарувачка и ниската понуда од Бразил.
Цените на арбика денеска е зголемија за над 2,1 отсто, достигнувајќи рекордни 3,489 долари за една фунта (0,4 килограми).
Според трговците, вниманието на пазарот останува насочено кон испораките од Бразил, кој е најголемиот производител на кафе во светот, додека резервите на сертифицирана арабика на берзата ICE (Intercontinental Exchange Inc.) остануваат на ниско ниво.
Цената на кафето робуста се зголеми за 1,3 отсто, достигнувајќи 5.522 долари за метрички тон – највисокото ниво од 10 декември.
Учесниците на пазарот забележаа и висока побарувачка на спот пазарите во Европа, особено за бразилското кафе.