Цената на дизелот во Србија скокна на 104 денари
Голем скок на цената на горивата во Србија. Со денешната одлука на Министерството за трговија новата максимална цена на евро дизелот е 198 динари (1,68 евра, или 104 денари), а на бензинот – евро премиум БМБ 95 – 176,05 динари (1,50 евра), соопшти Министерството за трговија, туризам и телекомуникации. И додека цената на бензините остана непроменета во следните седум дена, цената на евро дизелот е повисока за 10,77 динари, што е раст од шест отсто во однос на минатата недела. Новите цени важат во наредните седум дена, до следниот петок до 15 часот, кога министерството ги објавува новите максимални малопродажни вредности за овие две горива.
Српската влада пропиша начин да се одреди максималната цена на овие две горива на бензинските пумпи.