Цената на биткоинот повторно расте


Цената на биткоинот вчера надмина 9.000 долари под влијание на извештајот дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена валута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа изнесува 9.381,82 долари, а денеска забележа пад од 1,5 отсто и изнесува 9.157,59 долари. Последен пат вредноста на оваа криптовалута од 9.000 долари беше во мај 2018 година.

Вредноста на биткоинот од почетокот на годината се зголеми за 140 отсто.

На растот на вредноста на биткоинот влијаеше веста дека Фејсбук утре ќе лансира сопствена криптовалута.